„Општина Центар започнува есенска теренска офанзива во која градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со општинските служби и одговорните лица од урбаните заедници, ќе ги посети сите маала и улици на територијата на општината - соопшти денеска општинската прес-служба.
„Почнуваме од Капиштец, но ќе ги поминеме сите маала, улици и урбани заедници.
„Заедно со службите, одговорните во урбаните заедници, но и со граѓаните, сакаме на лице место да ги видиме проблемите и што побрзо да реагираме.