Во насока на континуирано подобрување на условите за воспитно-образовниот процес и создавање современа, функционална и пријатна средина за учениците, во ООУ „Ристо Крле“ во изминатиот период беа реализирани повеќе активности за уредување и опремување на училишните простории и дворот, извести Општина Илинден. Увид во спроведените активностите изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој нагласи дека е извршено комплетно опремување … Во насока на континуирано подобрување на условите за воспитно-образовниот процес и создавање современа, функционална и пријатна средина за учениците, во ООУ „Ристо Крле“ во изминатиот период беа реализирани повеќе активности за уредување и опремување на училишните простории и дворот, извести Општина Илинден. Увид во спроведените активностите изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој нагласи дека е извршено комплетно опремување на кабинетот по македонски јазик со нови клупи, столчиња, интерактивна смарт табла, фото тапет со македонската азбука, како и нови роло завеси, со што кабинетот доби современ и функционален изглед, прилагоден на потребите на наставата.