На настапот на „Жабата“, на фонтана во Карпош 3 беше присутен и заедно со жителите на Карпош 3 се забавуваше и дружеше првиот човек на Општината, Сотир Лукровски.
„Неделното карпошово културно лето, започна на плоштадот „Фонтана“, во Карпош 3, каде што во рамки на проектот „Нашето Маало-детска интерактивна просторна инсталација“, организирана од архитектот Ружица Ивановиќ, дечињата заедно со своите родители учествуваа во боење и цртање на претходно изработената макета од архитектката.
На овој начин, децата го развиваа и поттикнуваа својот креативен потенцијал, истовремено дружејќи се и учејќи преку интересни и едукативни активности.
„Работилницата помина во позитивна и инспиративна атмосфера, исполнета со детски насмевки, креативност и дружба, потврдувајќи ја важноста на ваквите содржини во поттикнувањето на детската фантазија и творечкиот дух Во рамки на програмата на „Карпошово културно лето“, на локацијата „Фонтана“ во населбата Карпош 3, се реализираше проектот „Нашето Маало – детска интерактивна просторна инсталација“, организиран од архитектката Ружица Ивановиќ.