Во јуни годинава земјава ја посетиле вкупно 113.436 туристи, кои реализирале 221.608 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број туристи, 22,8 проценти биле домашни, а 77,2 проценти странски посетители. Кај ноќевањата, 29,2 проценти ги оствариле домашните туристи, додека 70,8 проценти се од странските гости.