Свидетелства, дипломи, нотни записи, црковни книги, ракописи, фотографии се чуваат на долгите… Свидетелства, дипломи, нотни записи, црковни книги, ракописи, фотографии се чуваат на долгите полици во депоата на штипскиот Архив. Истражувачи од сите страни на светот и граѓаните кои го посетуваат Архивот во Штип со голема љубопитност и внимание сакаат да ги видат старите документи, кои се чуваат во депоата, а за посетителите има и изложбен салон на влезот во институцијата. Но, свидетелството, кое го потпишал токму Гоце Делчев е најбарано да се види од страна на посетителите.