Активни пожари има во Општина Студеничани, во селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш, кај селата Драгов Дол и Локвица, каде што е опожарена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, во Општина Велес, кај селото С’лп, во месноста Горно Село, со проширување кон селото Активни пожари има во Општина Студеничани, во селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш, кај селата Драгов Дол и Локвица, каде што е опожарена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, во Општина Велес, кај селото С’лп, во месноста Горно Село, со проширување кон селото Карабуњиште, како и во селата Добрино и Тисовица во Општина Зелениково, каде што гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума. Активен е и пожарот на подрачјето на Општините Јегуновце, Желино и Сарај, односно во селата Копанце и Туденце во Општина Јегуновце, селото Церово во Општина Желино, со проширување кон селото Бојане во Општина Сарај, каде што гори мешана шума. Пожар има и во Општина Штип, во населбата Балканска, каде што гори ниска вегетација.