Денес е ден за солзи радосници, за длабока воздишка и за прослава на најголемата животна победа. По цели 82 дена поминати на одделот за интензивна нега (ОИНТ), нашето мало, а толку големо чудо — малата Бисера, конечно го прави својот најважен чекор и заминува дома, во прегратките на своите родители каде што и е местото, информираат од скопската Клиника за гинекологија. Бисера се роди во 27 гестациска недела, со телесна тежина од 960 грама.