„Исто така, важно е да се постават заштитни мрежи на вратите и прозорците, граѓаните лично можат да користат репеленти, тоа се спрејови, гелови, стикови кои се прскаат на телото со цел да се одбијат комарците, да се избегнува излегување кога се комарците најактивни, навечер и во раните утрински часови, а кога се излегува во тој период да се носи облека со долги ракави и ногавици“, апелира директорката на Центарот за јавно здравје, Светлана Поповска Кљусева.