Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Токму затоа, како што објасни, во дискусијата ѝ се обратил на високата претставничка на ЕУ Каја Калас и посочил дека на регионот му се потребни „брзи испораки“ од страна на Унијата.
„И затоа, кога зедов збор, она коешто јас го кажав и кога се обратив на високата претставничка за безбедносна, одбранбена и надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, дека јас лично сум загрижен за ова што го слушам денеска на маса и дека нам ни требаат брзи испораки од страна на Европската Унија.
Нешто кое што може бргу да го испорача Европската Унија за да за да можеме да заклучиме дека не е само на реторика, туку еве имаме и нешто коешто можат граѓаните да го почувствуваат - рече тој.
„Втората работа што ја издвоил Мицкоски од средбата, како што посочи, била неговата порака дека грешките од минатото треба да бидат поука за да не се повторуваат, наместо регионот повторно да се враќа кон теми и реторика од минатото.
Говорејќи за средбата со високата претставничка на Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во интервју за МТВ за време на посетата на Њујорк изјави дека од Европската Унија очекува конкретни и брзи резултати за граѓаните од Западен Балкан, оценувајќи дека со испорака на нешто што граѓаните веднаш ќе го почувствуваат може да се намали фрустрацијата во регионот.
„Говорејќи за средбата со високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас, на која учествувале претставници на земјите од Западен Балкан, нагласи дека во текот на разговорите добил впечаток дека повторно се враќаат темите од раните 90-ти години од минатиот век, при што тој испратил порака дека на регионот му се потребни брзи испораки од ЕУ. -Имам чувство дека некако како постепено на Балканот повторно да се враќаат темите од раните 90-ти години од минатиот век.
Имав чувство дека се случува една тензија којашто за мене, во овој момент, во 21-виот век, навистина претставуваше едно големо изненадување – рече Мицкоски.
„На средбата, посочи, од земјите од Западен Балкан на ниво на премиери биле тој и косовскиот премиер Албин Курти, додека Црна Гора била претставена од претседателот Јаков Милатовиќ, а Србија, БиХ и Албанија од министри за надворешни работи.