Платформата 12.05, иницирана од поранешни функционери на СДСМ, ќе го руши Венко Филипче од лидерската позиција на СДСМ, со цел СДСМ повторно да стане силна опозициска партија која ќе биде стожер за силно опозициско обединување, а со крајна цел – победа на парламентарни избори и симнување од ВМРО-ДПМНЕ од власт. Игор Ивановски, Андреј Петров, Гордан Георгиев, Никола Ќуркчиев, Славјанка Петровска и Емилијан Станковиќ денеска на брифинг ги најавија следните чекори на иницијативата 12 и 5. Во сабота ќе ги одржат вторите „Разговори за иднината во 12 и 5“, на тема „35 години потоа“, по што, можеби и од следниот ден „ќе тргнат“ по Филипче. Рекоа дека нивните цели за конечен здрав напредок на Македонија не можат да се остварат со актуелното раководство на СДСМ.