„Мицкоски се обидува да објасни дека токму нему лично не му оди во процесот на преговори… „Мицкоски се обидува да објасни дека токму нему лично не му оди во процесот на преговори со ЕУ – бидејќи, како што самиот рече, тој „разговара”, а не „преговара”, што не е ни чудо што не му оди. Второ, по сите лажни ветувања, овој тендер-патриот, лидер на промакедонска партија (бидејќи не може да биде лидер на македонска партија каде со бугарско државјанство се речиси цело раководство), шеф на организираната криминална група, сега не може да им каже на своите гласачи дека сè било лага, стои во денешното обраќање до јавноста на СДСМ. „Не може да им каже дека нема подобри услови, дека нема гаранции, дека нема „половични”- членства со Вучиќ, дека нема ништо од тоа.