Министерот за здравство, Сако Клековски, најави продолжување на вонредното прскање против комарци и апелира до граѓаните на висока претпазливост, особено во загрозените подрачја со западнонилска треска каде има многу базени кои треба да се намалат поради ризикот од ширење на болеста За справување со епидемијата од западнонилска треска министерот за здравство, Сако Клековски, најави дека ќе продолжи вонредното прскање против комарци , покрај редовните, веќе испланирани прскања, извести дека жителите на подрачјата со прогласена епидемија ќе добиваат СМС пораки за заштита, а кај нив ќе се прави и контрола на живината. Покрај овие мерки кои ќе ги преземаат институциите, министерот Клековски очекува дисциплина и од жителите и намалување на водните површини, посебно откако утврдиле дека токму во загрозените подрачја има многу базени за рекреација. „Е сега тука доаѓаат предизвиците.