Ако сакаме нашата држава да биде пристојно место за живеење, мора да ги надминеме поделбите и да научиме да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес.
„Тоа ни е потребно повеќе од кога било порано, ова е главната порака на претседателката Гордана Сиљановска Давкова од нејзиното обраќање по повод 2 Август Илинден, пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје.
Неговиот Манифест бил упатен до сите етнички заедници.
„И денес, се гордееме со високите стандарди на заштита на малцинските права на Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и другите.
Таа на крајот од своето обраќање ги цитираше зборовите на Ченто од Третото заседание на АСНОМ.
„Обраќајќи се на Третото заседание на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто рекол: „Служејќи за доброто на нашиот народ, ние служиме за доброто на државата.