Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска објави дека планира да свика нов состанок во формат „5+1“ за решавање на кипарското прашање, за да можат учесниците да ги утврдат понатамошните чекори кон решавање на конфликтот што трае повеќе од половина век. Покрај двете кипарски страни, на состанокот ќе учествуваат Грција, Велика Британија и Турција, како држави кои ја гарантираат независноста на Кипар. „Одлучив да свикам уште еден состанок во формат „пет плус еден“, по соодветни подготовки во врска со градењето доверба, методологијата и содржината на преговорите“, рече Гутереш за време на посетата на Никозија, објавија британските медиуми.