Китански истакна дека при преземањето на функцијата се соочил со, како што наведе, ограничени ресурси и блокирана сметка, но дека општината продолжила со реализација на проекти. „Избравме да работиме, наместо да се оправдуваме, да решаваме, наместо да одложуваме, да инвестираме во иднината, наместо само да зборуваме за неа“, порача Китански. Во делот на инфраструктурата, меѓу проектите што ги наведе градоначалникот е реконструкцијата на улицата „Илинденска“ со краците „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, заедно со изградба на атмосферска канализација.