Со реализација на конкретни проекти насочени кон подобрување на инфраструктурата, економскиот развој, условите за живот и можностите за младите продолжува развојот на општина Новаци, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение. Изминатата година фокусот се стави на развојот на Индустриската зона Новаци, како еден од клучните потенцијали за идниот економски развој на општината, каде што со поддршка од Владата се изгради водоводна, атмосферска и фекална канализација во вредност од 26 милиони денари, додека во тек е изградба на внатрешната улична инфраструктура вредна околу 50 милиони денари. Дополнително се заврши осветлувањето на Индустриска улица 3, со што вкупната вредност на инвестициите во зоната достигнува околу 77,5 милиони денари, а резултатите веќе се видливи, каде што две компании кои купија градежни парцели обезбедија одобренија и започнаа со изградба на своите објекти, што отвора простор за нови инвестиции и нови работни места.