„Пред фактите и доказите пропаднаа обидите на талогот на СДС за конструкции, ширеше лаги и паника поврзани со водата за пиење.
Венко Филипче може да ужива на продолжениот одмор со Зоран Заев на милионската јахта во Паљури, но нема да може бесконечно да бега од хаосот и хистеријата кои ги прави партија чиј формален претседател e. Македонија нема потреба од опозиција која својата неспособност и немањето идеи сака да ги скрие со создавање на хаос, паника и страв, туку на граѓаните им требаат работа, стабилност и конкретни резултати за подобар живот.
„Наспроти хаосот на талогот на СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да одговара на обидите за политички манипулации со факти, конкретна работа и резултати и тоа граѓаните добро го гледаат.