Преку институционални решенија и колективно договарање, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ создава услови… Преку институционални решенија и колективно договарање, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ создава услови и долгорочни решенија за зголемување на платите на работниците и го унапредува социјалниот дијалог, а резултати се видливи и мерливи, се наведува во соопштението ан ВМРО-ДПМНЕ. Во периодт од две години преку колективни договори со важност до 2028 година се регулираа повеќе од 95 проценти од односите со вработените во јавниот сектор, со што се обезбедуваат стабилност, предвидливост и сигурност за илјадници вработени. Историски чекор е направен и во администрацијата, така што првпат по долг период е постигнат договор со синдикатите УПОЗ и САДУ за повисоки плати на административните службеници, кон кој се приклучија и други синдикални организации, со што се создава основа за системско подобрување на статусот и материјалната положба на вработените во администрацијата.