Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на… Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен, разговара со граѓаните и ги гради своите политики врз основа на нивните реални потреби, а не врз основа на нарачани анкети и медиумски конструкции. Осврнувајќи се на последните анкети кои беа пласирани во јавноста, Димитриевски нагласи дека граѓаните одамна ја препознаваат разликата меѓу креирање и сондирање на јавното мислење. Тој истакна дека токму затоа ЗНАМ не троши стотици илјади денари за политички маркетинг, туку вложува време таму каде што е најважно, меѓу граѓаните.