Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут во Охрид, каде размениле мислења за регионалните, европските и меѓународните прашања, со посебен акцент на добрососедските односи и претстојниот Самит Брдо-Бриони Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во вила „Билјана“ во Охрид оствари средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут . „ Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут , придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски . Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог“, пишува претседателката во објава на Фејсбук. Сиљановска – Давкова вели дека размениле мислења за актуелните регионални , европски, и меѓународни прашања, со особен осврт на претстојниот Самит на процесот Брдо-Бриони, којшто во ноември ќе се одржи во Охрид. „Ја истакнавме важноста од негување на добрососедските односи и соработка“, стои во објавата.