Филипче да престане да глуми загриженост за јавното здравје бидејќи тој знаел, молчел и не постапувал додека бил министер, а институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Каде беше Филипче кога до Министерството за здравство, со кое раководеше, пристигнувале извештаи за неисправна вода за пиење во повеќе општини? Во периодот кога Филипче беше министер, до институциите биле доставувани анализи и наоди кои укажувале на микробиолошки неисправна вода во повеќе населени места, меѓу кои Студеничани, Зелениково, Петровец, Крушево и локации во Скопје.