„Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди, а попладне наместа ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од вторник и во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, но со значително пониски температури.