Скопје е близу, но и далеку од „црвениот аларм“ што вклучува ослободување од работа з Скопје е близу, но и далеку од „црвениот аларм“ што вклучува ослободување од работа за најризичните групи на граѓани, бидејќи од четврток се прогнозираат пониски температури, а според акцискиот план на Министерстото за здравство за месец август тој ќе се вклучи доколку два последнователни дена температурата е 40 степени Целзиусови. Синоптичарите велат дека иако се чини дека топлотниот бран нема крај, односно трае континуирано од пред почетокот на август, или околу петнаесетина дена, од четврток, особено петок се очекува да здивнеме од екстремните жештини. Сепак, тоа ќе биде кратко бидејќи од наредната недела температурите повторно ќе бидат во пораст.