Заврши 17-тото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кое од… Заврши 17-тото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кое од 20 до 27 август се одржа со мото „Само сонот е стварност“ во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје. Доделувањето на наградите се одржа на 27 август во Куршумли ан. Пред почетокот на церемонијата на доделување на наградите, Дарко Набаков, извршен директор на „МакеДокс“, истакна дека заврши едно од најуспешните изданија на фестивалот на кое седум од осумте вечери беа со распродадени билети за проекциите, а присуството на публиката овозможи сонот да стане стварност. Автор на статуетките што се доделуваа на наградените автори е уметникот Глигор Кузмановски.