Јајои Кусама, која стана позната по своите шарени скулптури и инсталации прекриени со точки, почина на 97-годишна возраст, пишуваат светските медиуми. Кусама, која со децении доброволно живеела во психијатриска болница, беше препознатлива по светлоцрвената перика и своите огромни, необични инсталации, слики и скулптури Нејзините изложби привлекуваа голем број посетители во галериите ширум светот, а нејзините впечатливи дела постигнуваа некои од највисоките цени некогаш забележани за дела на една уметница. Во соопштението на нејзината фондација стои: „Во текот на својот исклучителен живот, целосно посветен на уметничкото творештво, Кусама изгради меѓународно призната кариера како пионерка на авангардната уметност, чија работа опфаќаше визуелна уметност, перформанс, книжевна проза и поезија“.