Каја Гербер го привлече вниманието со своето пристигнување на УС Опен во Њујорк, а на новите фотографии 24-годишната манекенка толку потсетува на својата мајка Синди Крафорд што на прв поглед лесно би можела да биде помешана со славната супермоделка од нејзините помлади години Каја за посетата на стадионот „Arthur Ashe“ избрала тесен црн миди-фустан, црни сандали со висока потпетица и очила за сонце, а комбинацијата ја надополнила со чанта со животински дезен. Друштво ѝ правеше Хомер Гир (26), синот на холивудскиот актер Ричард Гир, со кого Каја глуми во новата серија „The Shards“, пишува „Daily Mail“. Сличноста меѓу Каја и Синди Крафорд не е новост, но во последните години станува сè поизразена.