„Психички промени во текот на бременоста и по породувањето – што може да очекуваме и на кој начин може да се поддржиме?“ е новата бесплатна онлајн обука што компанијата dm drogerie markt и Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“ ја организираат во рамки на „Караванот на мајчинство“ Обуката е наменета за идните и новите мајки, со цел да им понуди стручни информации и насоки за подобро разбирање на психичките и емоционалните промени во овој период. Предавањето ќе го одржи м-р Марија Стојкоска Василевска, психолог, на 18 август, од 17:30 до 19:00 часот, онлајн преку платформата ZOOM. Учеството е бесплатно, а сите заинтересирани треба да се пријават на info@matrona.org.mk. Во фокусот на обуката ќе бидат промените што можат да се појават во различните фази од бременоста и по породувањето, начините на кои жените можат да се поддржат себеси, но и значењето на поддршката од нивното опкружување.