Акупунктурата, како илјадалетна практика на традиционалната кинеска медицина, се користи за ублажување… Акупунктурата, како илјадалетна практика на традиционалната кинеска медицина, се користи за ублажување на болката кај состојби како што се фибромијалгија и остеоартритис. Но, овој древен метод, исто така, покажува потенцијал во лекувањето на симптомите на депресија, иако механизмите на неговото дејство досега не се целосно разјаснети. Нова мета-анализа на скенирањата на мозокот на пациентите нуди прв конкретен увид во невролошките промени што ги промовира акупунктурата, пишува „Сајенс алерт“ ( Science Alert ). Научниците од кинескиот Универзитет во Пекинг во медицинското списание „Медисин“ ( Medicine ) објавија анализа на седум претходни клинички испитувања во коишто се вклучени вкупно 357 пациенти со големо депресивно растројство.