Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„По повод 29 Септември – Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активност насочена кон подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на кардиоваскуларното здравје и превенцијата на кардиоваскуларните заболувања.
„По повод одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, во организација на Институтот за јавно здравје во трговскиот центар „Дајмонд Мол“, со цел подигнување на свесноста за превенција од кардиоваскуларни заболувања.
Апелирам граѓаните редовно да контролираат крвен притисок, гликемија, и доколку има потреба да се зема терапија пропишана од доктор, само на тој начин ќе го заштитиме здравјето, посочи министерот Клековски.
„Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска истакна дека целта на оваа теренска активност е подигнување на свесноста за кардиоваскуларните заболувања.