Издавачи, литературни агенти и професионалци од издавачкиот сектор од Грција, Бугарија и… Издавачи, литературни агенти и професионалци од издавачкиот сектор од Грција, Бугарија и Албанија ќе бидат гости на програмата „Скопје фелоушип“, во рамките на 14. издание на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан, што ќе се одржи од 13 до 15 септември во Скопје. Годинашното издание на програмата во Скопје ќе ги донесе: Ефи Риза-Скифа, основачка и издавачка менаџерка на грчката издавачка куќа „Енастрон“, Манол Пејков, сопственик и генерален директор на бугарската издавачка куќа „Жанет 45“ и основач на Софиската литературна агенција, Рајмонда Хида, директорка за надворешни односи и авторски права во албанската издавачка куќа „Фан Ноли“, Гергана Панчева, извршна директорка на Софиската литературна агенција, Аристеа Илиопулу, раководителка на издавачкиот сектор и лекторка во „Енастрон“, и Реџеп Хида, директор на „Фан Ноли“. Во програмата „Скопје фелоушип“ вообичаено учествуваат издавачи, литературни агенти и други професионалци од меѓународниот книжевен и издавачки сектор, со цел да се овозможи поголема видливост на македонската книжевност и да се создадат директни контакти меѓу домашните автори, издавачи и странските професионалци.