Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Драмски театар Скопје на 22 септември, со почеток во 20:00 часот, ќе гостува на 23. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ во Велес со претставата „Падот на Масада“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски.
Претставата ја отвора дилемата што останува кога големите идеи ќе ја изгубат својата возвишеност, а човековиот живот ќе остане заробен меѓу идеологијата, стравот, желбата за опстанок и потребата да се остави трага во историјата.
„Режијата на „Падот на Масада“ е на Дејан Пројковски, асистент на режисерот е Дамјан Димовски, сценографијата и костимографијата се на Валентин Светозарев, а музиката е на Горан Трајкоски.