Групната изложба „Центарски Улици 4“ претставува изложба на студентите по ликовна уметност од АУЕ ФОН, инспирирана од атмосферата, луѓето и уметничката енергија создадена за време на целодневниот настан „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста“, одржан на 15 април 2026 година на улица „Македонија“ во Скопје. Изложените слики се создадени во живо, како непосреден. Изложените слики се создадени во живо, како непосреден уметнички одговор на случувањата на улицата, каде што уметноста ги поврза граѓаните, студентите и уличните уметници во заедничка прослава на Светскиот ден на уметноста.