Добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави делото на Свети Климент Охридски на сите светски меридијани, е Кристоф Бенедиктер, претседател на Европската асоцијација на истражувачи и професори (AEREP), еден од најистакнатите современи европски интелектуалци и афирматори на академската и културната соработка меѓу народите на Европа Добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави делото на Свети Климент Охридски на сите светски меридијани, е Кристоф Бенедиктер, претседател на Европската асоцијација на истражувачи и професори (AEREP), еден од најистакнатите современи европски интелектуалци и афирматори на академската и културната соработка меѓу народите на Европа. Меѓународното жири ја донесе оваа одлука како признание за исклучителниот придонес на Кристоф Бенедиктер во развојот на европскиот образовен, научен и културен простор, но и за неговата долгогодишна посветеност на Балканот како еден од клучните мостови на европската интеграција, културна соработка и академски дијалог. Како претседател на Европската асоцијација на истражувачи и професори (AEREP), тој повеќе децении активно работи на поврзувањето на универзитетите, научните институции и интелектуалните средини од Југоисточна Европа со најзначајните европски академски центри.