Со краткиот документарен филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочејќи“ и долгометражниот „Кон Запад, во Запата“ на 20 август, во 20,30 часот во Куршумли Ан во Скопје се отвора 17. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ кој ќе трае до 27 август под мотото „Само сонот е стварност“. Во осумте фестивалски дена ќе бидат прикажани Со краткиот документарен филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочејќи“ и долгометражниот „Кон Запад, во Запата“ на 20 август, во 20,30 часот во Куршумли Ан во Скопје се отвора 17. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ кој ќе трае до 27 август под мотото „Само сонот е стварност“. Во осумте фестивалски дена ќе бидат прикажани 71 филм – нови документарци, ќе има над сто гости од странство и обемна дополнителна програма со мастер-класови, работилници, панел-дискусии и дводневен МакеКоПроДокс форум за развој на проекти од регионот (25-27 август). Фестивалот годинава ќе биде посветен на филмската критика и на Илинденка Петрушева (1944 –2025), филмски критичар, публицист, истражувач, долгогодишен раководител и советник во Кинотеката на Македонија, која беше посветена на истражувањето, проучувањето, прибирањето, архивирањето, презентацијата и популаризирањето на филмската уметност кај нас и со своите иницијативи ги постави темелите на филмскиот архив.