Вистинските пријателства не завршуваат тогаш кога срцето ќе престане да чука, туку продолжуваат да живеат низ спомените, музиката и лузните што остануваат во душата. Познатиот македонски рапер Христијан Тасковски – Таско, реши својата огромна тага, но и вечната благодарност кон прераното заминатиот музичар Владимир Блажев – Панчо, да ги претвори во уметност што засекогаш ќе ја носи со себе. A post shared by MARKO TASEVSKI (@markotasevski_indigo) Тој на својата нога го истетовира ликот на Панчо, правејќи емотивен и силен гест со кој уште еднаш докажа колку била длабока нивната поврзаност.