Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Дваесет и деветтиот меѓународен фестивал „Денови на комедија“ во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи од 23 септември до 5 октомври годинава, соопштија на денешната прес-конференција од Националната установа.
„Во текот на фестивалските денови, публиката ќе има можност да проследи десет театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведба на театрите од Македонија и земјите од регионот.