Вчеравечер, на волшебен начин, дождот престана, небото се отвори, ветрот стивна и ѕвездите осамнаа над Античкиот театар Хераклеа Линкестис којшто ги вдоми маестро Симон Трпчески со неговите маестрални музички пријатели и привилегираната публика, желна и жедна за музички чуда, напиша денеска на Фејсбук претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, која присуствувала на концерт на Симон Трпчески. Симон, уште еднаш покажа и докажа дека не е само најдобриот македонски пијанист на сите времиња и еден од најмаркантните пијанисти во светот, туку и харизматична личност којашто сака и умее да комуницира во текот на концертот со музичарите на сцената, но и со слушателите, креирајќи топла, пријатна атмосфера, објави претседателката. „Првиот дел од репертоарот нè врати во раскошот на класичните музички приказни, компонирани во наплив на различни чувства и расположенија и изразени низ различни ритми.