На 15 август, со почеток во 20:00 часот, во Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи концертот „Ideale“, на кој пред публиката ќе настапат македонскиот бас-баритон Иван Наумовски и пијанистката Елена Атанасовска-Ивановска. Битолската публика ќе има можност да ужива во внимателно избрана концертна програма која опфаќа дела од Антон Рубинштајн, Петар Илич Чајковски, Александар Даргомижски, Роберт Штолц, Јохан На 15 август, со почеток во 20:00 часот, во Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи концертот „Ideale“, на кој пред публиката ќе настапат македонскиот бас-баритон Иван Наумовски и пијанистката Елена Атанасовска-Ивановска. Битолската публика ќе има можност да ужива во внимателно избрана концертна програма која опфаќа дела од Антон Рубинштајн, Петар Илич Чајковски, Александар Даргомижски, Роберт Штолц, Јохан Штраус, Франц Шуберт, Франческо Паоло Тости и Жак Ибер, како и композиции инспирирани од македонската народна музичка традиција.