Скопје на 24 август ќе биде домаќин на познатата филозофка, авторка и професорка Леа Ипи, која живее и работи во Велика Британија. Нејзиното гостување, организирано во рамките на „BookStar 2026“, ќе го означи првиот официјален преднастан на годинашното издание на меѓународниот книжевен фестивал, кој годинава се одржува под мотото „FREE AT LeAST?“ или „ЧУМУ СЛОБОДА?“ Скопје на 24 август ќе биде домаќин на познатата филозофка, авторка и професорка Леа Ипи, која живее и работи во Велика Британија. Нејзиното гостување, организирано во рамките на „BookStar 2026“, ќе го означи првиот официјален преднастан на годинашното издание на меѓународниот книжевен фестивал, кој годинава се одржува под мотото „FREE AT LeAST?“ или „ЧУМУ СЛОБОДА?“. Ипи во Скопје доаѓа како авторка на книгата „Слобода“ (Free), дело во кое преку личната и колективната историја го отвора едно од најважните и најсложените прашања на современото општество: што навистина значи да се биде слободен?