Во текот на четирите фестивалски денови, Галичник беше домаќин на филмски автори, гости и љубители на филмот од земјата и странство, кои имаа можност да проследат богата селекција на краткометражни филмови, мастерклас, разговори со автори и придружни фестивалски настани. За најдобрите филмски остварувања одлучуваше стручното жири, Вардан Тозија, Наташа Петровиќ, Ивана Шекуткоска, кое ги додели следните награди: Во текот на четирите фестивалски денови, Галичник беше домаќин на филмски автори, гости и љубители на филмот од земјата и странство, кои имаа можност да проследат богата селекција на краткометражни филмови, мастерклас, разговори со автори и придружни фестивалски настани. За најдобрите филмски остварувања одлучуваше стручното жири, Вардан Тозија, Наташа Петровиќ, Ивана Шекуткоска, кое ги додели следните награди: г ран при – „Што ако бомбардираат овде вечерва“, Либан; Најдобар игран краткометражен филм – „Жигосување“, Кина; Најдобар документарен краткометражен филм – „Кобила-авион“, Белгија, Швајцарија; Најдобар анимиран краткометражен филм – „Живот кучешки“, Унгарија; Најдобра актерка – Јана Никодиновска за улогата во „Мала шега“, Македонија; Најдобар актер – Миливој Мики Рош за улогата во „Ветер во грб“; Најдобра режија – Рабиа Озмен за филмот „Процедура“, Турција; Најдобро Сценарио – Игор Христов за филмот „Сопри ја колата“, Бугарија; Најдобра кинематографија – „Нилски коњ“, Кина; Награда од публика – „Сопри ја колата“, Бугарија; Special Mentions – „Сакав да ти го слушнам гласот“, Соединети Американски Држави.