„Во врска со пријавата за починато лице на 31.08.2026 во 12:15 часот, при што беше пријавено дека во дворот на Клиничка болница Битола е пронајден починат Ј.И.(39) од Струмица, ве известуваме дека СВР Битола ги презема сите потребни дејствија во координација со ОЈО Битола, при што од страна на јавен обвинител е наредена обдукција врз „Во врска со пријавата за починато лице на 31.08.2026 во 12:15 часот, при што беше пријавено дека во дворот на Клиничка болница Битола е пронајден починат Ј.И.(39) од Струмица, ве известуваме дека СВР Битола ги презема сите потребни дејствија во координација со ОЈО Битола, при што од страна на јавен обвинител е наредена обдукција врз телото на починатиот“, информираат од МВР. Од полицијата дополнуваат дека за дополнителни информации во врска со настанот треба да се обратиме во ОЈО Битола, а целокупниот материјал од преземените мерки и дејствија ќе биде доставен до Обвинителството, кое ја води истрагата. Во однос на видеоснимките од социјалните мрежи, од СВР Битола велат дека е утврден идентитетот на лицата кои се гледаат на снимката, а повеќе лица се повикани на службен разговор во рамки на расчистувањето на случајот.