На 14.08.2026 во 16:35 часот во OВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.И.(44) од Охрид и патничко возило „сеат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди од возилото „хјундаи“ се здобил возачот А.И., а со телесни повреди се здобиле неговите сопатници 44-годишната С.И., У.И.(24) и 15-годишник, сите од Охрид и 27-годишната А.С.И. од Германија. Додека пак, другиот возач Д.М. исто така се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.