На 10.08.2026 во 14:45 часот на патот Тетово–с.Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Џ.(34) од с. Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, соопшти МВР.
„Имено, тој се сомничи дека на 08.08.2026 околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечил од местото.