Словенија и Хрватска се единствените земји од регионот што се најдоа меѓу првите 20 на светската листа за животниот стандард за 2026 година. Словенија е на 19-то место со 182,40 поени, а Хрватска е веднаш зад неа, на 20-тото место со 181,70. Македонија е далеку под нив, на 62-рото место, додека Србија е 58-ма. Листата „Стандард на живеење по земји 2026“, објавена од ВПР (World Population Review) и последен пат ажурирана на 18 септември, се темели на индексот за квалитет на живот на Нумбео (Numbeo). Во главната табела се користат податоци за 2025 година, а вкупно се опфатени 86 земји. Босна и Херцеговина не е наведена во табелата.