Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески оцени дека енергетската и економската криза е една од најголемите во поновата историја и посочи дека Владата при носењето на мерките води сметка за заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилноста на економијата.
Пред сè треба да се внимава на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кој е главен приоритет на оваа Влада – изјави Ристески во одговор на пратеничко прашање.
„Осврнувајќи се на последните владини мерки Ристески посочи дека намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти веќе дава резултати и дека граѓаните заштедуваат до 350 илјади евра дневно.
Имаме и други законски можности со кои би можеле дополнително да интервенираме.
„Наш главен приоритет остануваат граѓаните, заштитата на економијата и избегнувањето на големи финансиски импликации врз буџетот - изјави заменик-министерот за економија и труд.