Инфлацијата во Европската унија благо забрзала на 3 отсто во јули, враќајќи се на тренд на раст по краткото здивнување во јуни кога изнесуваше 2,9 отсто, покажаа податоците од европската статистичка служба објавени во средата. Годишната стапка на инфлација во Европската унија, мерена според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), изнесуваше 3,0 отсто во јули, Инфлацијата во Европската унија благо забрзала на 3 отсто во јули, враќајќи се на тренд на раст по краткото здивнување во јуни кога изнесуваше 2,9 отсто, покажаа податоците од европската статистичка служба објавени во средата. Годишната стапка на инфлација во Европската унија, мерена според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), изнесуваше 3,0 отсто во јули, пресметаа статистичарите врз основа на најновите податоци што ги опфаќаат сите земји-членки на ЕУ. Во јуни изнесуваше 2,9 отсто, што беше значително слабеење во споредба со мај, кога достигна 3,3 отсто, највисоко ниво од декември 2023 година.