Уверение за квалитет – Сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки, како и уверение за квалитет В1 – Сертификат за извоз на вино, се двете нови електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство, наменети за компаниите, кои од денеска ќе бидат достапни преку Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Како што рекоа министерот за дигитална Уверение за квалитет – Сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки, како и уверение за квалитет В1 – Сертификат за извоз на вино, се двете нови електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство, наменети за компаниите, кои од денеска ќе бидат достапни преку Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Како што рекоа министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и директорот на Инспекторатот, Ивица Ангеловски на прес-конференција во Владата, компаниите отсега, освен во хартиена форма, ќе можат да ги добиваат сертификатите и во електронска форма со иста правна важност. Станува збор за постапки поврзани со квалитетот на земјоделските производи и извозот на вино, односно со сектори што создаваат домашна вредност, обезбедуваат работни места и ја претставуваат Македонија на најдобар можен начин на странските пазари. Продолжува процесот на дигитализација.