Закупнините на становите во Скопје почнуваат да бележат надолен тренд, додека бројот на празни станови сè… Закупнините на становите во Скопје почнуваат да бележат надолен тренд, додека бројот на празни станови сè повеќе расте. Агенциите за недвижности велат дека пазарот се засити, бидејќи голем број граѓани вложуваа во станови како сигурна инвестиција, очекувајќи стабилен приход од изнајмување. Сега дел од сопствениците кои купиле станови за издавање неможат да ги издадат со месеци и мораат сами да ги плаќаат трошоците за струја, вода, парно, одржување… -Во изминатите години голем број граѓани кои имаа пари ги инвестираа во недвижности, особено во станови, со очекување дека преку нивното издавање ќе обезбедат сигурен и стабилен приход.