Ребалансот на буџетот за 2026 година обезбедува зголемување на инвестициите и проекти кои ќе придонесат за економски развој и подобрување на инфраструктурата, со цел да се создадат работни места и трајни вредности, велат од ВМРО-ДПМНЕ „Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди денари. Вкупните расходи се зголемуваат за 11,6 милијарди денари, или 2,8 проценти. Точно, дефицитот се зголемува и изнесува 4,1 процент од БДП.