Со рекордна наплата на концесиските надоместоци, нова Стратегија за минерални суровини и нови законски решенија што треба да донесат поголема транспарентност, посилен надзор и повисоки стандарди за безбедност и заштита на животната средина, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го одбележа Денот на рударите – 28 Август. На свеченоста во Скопје, на која присуствуваа претставници на рударскиот сектор, компании, … Со рекордна наплата на концесиските надоместоци, нова Стратегија за минерални суровини и нови законски решенија што треба да донесат поголема транспарентност, посилен надзор и повисоки стандарди за безбедност и заштита на животната средина, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го одбележа Денот на рударите – 28 Август. На свеченоста во Скопје, на која присуствуваа претставници на рударскиот сектор, компании, институции, стопанството, науката и академската заедница, како и рудари со долгогодишно искуство, беше испратена јасна порака: иднината на македонското рударство е во безбедноста, модернизацијата, одговорното користење на природните ресурси и конкретните придобивки за локалните заедници.